Кадетките на ЖКК Струга 2009 го следат трендот на победи на своите поискусни колешки од јуниорска и сениорска конкуренција па и нивниот тим до М-16 години продолжува со победи. Струужанки на свој паркет во салата ,,Нико Нестер”-Струга во меч со мал број на поени триумфираа над врсничките од ЖКК Пелистер со резултат од 34:29 по четвртини (08:06; 08:07; 13:06 и 05:10).
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009 М-16: И. Чолакоска 12 поени, Р. Укоска 8, Г. Модева 6, А. Белеска 3, М. Велјаноска 2, М. Филоска 2 и еден поен зад своето име запиша кошаркарката Бицеска. Во ростерот на гостинската битолска екипа најефикасни кошаркарки беа Иваноска и Героска со по 8 постигнати поени.



