Доминиканската Република е поделена на 31 покраина (provincias) согласно уставот на државата, а главиот град Санто Доминго е сместен во свој Национален округ (Distrito Nacional). Покраините потоа се делат на општини(municipios).
Покраините се врховна административна единица во земјата. На челo на секоја од нив стои управник (Gobernador Civil) назначен од претседателот, со исклучок на Националниот округ.
Доминиканската Република се наоѓа на островот Хиспањола, кој го дели заедно со Хаити. Овој Карипски остров припаѓа на Големите Антили. Главниот град, Санто Доминго, е главниот културен центар. Официјален јазик е шпанскиот, но, се користи и англискиот, францускиот…
Климата е речиси иста во текот на целата година. Слободно може да се каже дека таму владее вечно лето. Оваа држава е позната по тоа што е една од најефтините во споредба со сите други држави на Карибите.
Прекрасните плажи на кои има огромни палми, тиркизното море, плавото небо, импресивните планини на кои има реки и водопади, слатководните езера, егзотичниот див свет, се само дел од богатствата кои ќе ги видите на овој остров. Овде ќе најдете се: забава, одмор, авантури, истражување и друго.



