Најстарото ривалство во НФЛ го имаат екипите на Грин Беј Пекерс и Чикаго Берс. Овие две екипи се наоѓаат во иста дивизија и играат по (минимум) два натпревари во сезоната. Истото ова дерби ја отвори 100. сезона на НФЛ кога Пекерс славеа со 3-10. Денешниот дуел беше 100. дерби помеѓу екипата од Висконсин и екипата од Илиноис.
На преполниот „Лембо Филд”, Пекерс и Берс одиграа неверојатен натпревар кој беше неизвесен дури и по истекот на последната секунда. Најпрво, Пекерс преку Адамс постигнаа тачдаун на четрвти даун. Во втората четвртина, Чикаго намали на 7-3 и со тој резултат екипите заминаа на пауза. Во првите два напади од второто полувреме, Грин Беј постигна два тачдауни и стекна предност од 21-3. Од тој момент, одбраната на Берс го покажа своето вистинско лице и не им дозволи на домаќините да постигнат нови поени. Чикаго, најпрво успеаја со филд-гол да ја намалат предноста на 21-6, а набргу и со тачдаунот на Милер да го однесат овој натпревар во неизвесна завршница. Сепак, на крајот резултатот остана непроменет и Грин Беј славеше со 21-13. Со оваа победа, Пекерс се на чекор до плејофот и ќе чекаат пораз на Лос Анџелес Рамс додека Чикаго е елиминиран од оваа борба.



