“Memories / Спомени” е првата песна на македонското дуо – Горан Папаз и Танче Гроздановски. Песната ќе се најде на новиот албум, кој треба да излезе летово. Албумот ќе има нови песни, но и изворни македонски народни мелодии. Видеото е изработено од „Мега Продукција“, режисер е Ѓоко Наумовски, а во него во главната улога се појавува д-р Наташа Попоска Карче.



