Непознат човек во Мелбурн, Австралија освоил 46,6 милиони американски долари на лотарија, откако по грешка уплатил два лото ливчиња со исти броеви. Мажот уплатил едно лото ливче во Сент Албанс, а потоа случајно уште едно со истите броеви на друго продажно место. Секое лото ливче поединечно му донело добивка од 23.3 милиони долари.
Уште еден добитник освоил 23,3 милиони, но допрва треба да ја пoдигне својата добивка. Доколку случајно уплател само едно ливче, вкупната награда би била поделена на две ливчиња, што би значело дека би добил „само“ 35 милиони. Ливчето уплатено по грешка му донело 11 милиони долари повеќе.
Извор: “Daily Mail”



