Репрезентацијата на Австралија ја забележа и втората победа на СП 2019 откако денес го совлада Уругвај со 45-10. После поразот од Велс во претходното коло, Австралијците покажаа доминантна игра против Уругвајците кои го забележаа вториот пораз во низа на ова СП откако пред една недела загубија од Грузија. Поените за Австралија паднаа после 7 есеја и 5 успешни конверзии. Петте конверзии ги реализира Леалиифано, а седумте есеи ги постигнаа Хејлет-Пети (2), Курдриани (2), Петаиа, Гениа и Слипер. Есеј за Уругвај запиша Диана, а конверзијата и еден пенал успешно ги изведе Беркеси.



