Во фуриозни петнаесетина минути Бих на домашен терен веќе имаше предност од 2:0 против Грција во рамките на групата Ј од квалификациите за ЕУРО 2020. Стрелци за босанците беа Вишча во 10. минута и спектакуларен гол на Пјаниќ во 15. минута од слободен удар.
Во вториот дел се до 64. минута не навестуваше ситуацијата на теренот дека може да се случи пресврт, но во таа 64. минута грците изборија пенал кој што ударот од белата точка успешно го реализира Фортунис.
Веќе наредната 65. минута Миралем Пјаниќ на средината на теренот стартуваше сосема непотребно и грубо, а судијата реши да му додели директен црвен картон. До крајот на мечот резервистот Коловос во 85. минута ги постави конечните 2:2 за поделба на бодовите.
Видео: Бих 2 – 0 Грција погодоците на Вишча и Пјаниќ
Видео: Бих 2 – 1 Грција стрелец Фортунис (пенал)
Видео: Бих 2 – 2 Грција стрелец Коловос



