Рускиот репрезентативец кој е висок два метра Сергеј Горпишин (21 година) кој игра на позицијата пикер ќе се пресели во Скопје на стартот на следната сезона. Тој во моментов настапува во Бундес лигата, односно во тимот на Ерланген. Горпишин играше и за репрезентацијата на Русија на последното Светско Првенство. Тој ќе биде замена за Рожерио Мораес кој ќе го напушти Вардар на крајот од сезоната и ќе се пресели во Веспрем.



