Минхенски Баерн, како што стојат работите во последните неколку недели влегува во врвна натпреварувачка форма. Тимот кој од клупата го предводи Нико Ковач славеше нова првенствена победа, а нималку не им беше лесно до новите три бода.
Се започна несреќно по нив со автоголот на Горецка во 14. секунда од натпреварот, а израмнувачкиот гол дојде релативно брзо по само 17. минути игра кога Кинсли Коман постигна гол за израмнување. Домашните фудбалери на Аузбург дојдоа до ново водство во 23. минута кога Ји Донг Вон донесе предност од 2:1.
Сепак за егал на полувреме се погрижи повторно Коман кој постигна гол за израмнување во судиското надополнување за 2:2. За целосен пресврт не се чекаше премногу затоа што на стартот на второто полувреме австриецот Алаба постигна гол за 2:3 резултат кој остана до крајот на мечот. Баерн Минхен со најновиот триумф има 48 бода и се позиционира на втората позиција на табелата.
Видео: Аузбург 1 – 0 Баерн Минхен стрелец автогол Горецка
Видео: Аузбург 1 – 1 Баерн Минхен стрелец Коман
Видео: Аузбург 2 – 1 Баерн Минхен стрелец Ји Донг Вон
Видео: Аузбург 2 – 2 Баерн Минхен стрелец Коман
Видео: Аузбург 2 – 3 Баерн Минхен стрелец Алаба



