Во рамките на 23. коло од Серија Б, во дербито помеѓу второпласираниот Палермо и лидерот Бреша, натпреварот заврши со 1:1 и поделба на бодовите. Први во водство беа Палермо со голот на Илија Несторовски кој постигна гол во 79. минута на асистенција на Александар Трајковски.
Несторовски влезе во игра во 76. минута и по само три минути поминати во игра постигна гол вкупно седми овосезонски за него. Израмнувањето го донесе во судиското надополнување исто така резервистот на спротивната страна, Тремолада во 92 минута.



