понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

„Вени, види, вици” во фудбалскиот свет: Басфорд Јунајтед

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 6, 2019
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Басфорд е северно предградие на Нотингем, а како целина на градот се вклучил во 1877 година. Името го превземал од локалната рурална област Басфорд. Две денеции подоцна, во Басфорд е формиран првиот фудбалски клуб во предградието – Басфорд Јунајтед.

Историја:
Почетоците на Басфорд Јунајтед датираат уште од 1900 година кога во анот „Олд Пир Три” била донесена одлука за формирање на фудбалски клуб. Во сезоната 1902/03, Басфорд се приклучил во локалната лига позната како Нотс Комбинејшн Лиг и стигнал до финалето на локалниот лига куп. Во сезоната 1903/04 го освоил истиот куп, а само една сезона подоцна се приклучил во нова лига, Нотс Алијанс, кадешто веднаш  стигнал до шампионската титула. Втората сезона ја завршил на втората позиција, а во 1907 повторно бил шампион. Во 1908, 1909, 1912 и 1913 Басфорд бил второпласиран во лигата без освоена трета титула. Во 1907, Басфорд го назначил за клупски секретар Валас Браунлоу кој тогаш имал само 19 години. Браунлоу е значаен по тоа што инсистирал клубот да стане целосен член на ФА во 1910, а на својата функција останал сè до својата смрт во 1970 година поставувајќи светски рекорд од 63 години како секретар на еден единствен клуб.

Периодот после Првата светска војна:
После Првата светска војна, Басфорд продолжил регуларно да ги игра своите натпревари. Во 1920 повторно бил шампион на Нотс Алијанс, а наредната сезона бил второпласиран. Во 1937 е поставен рекордниот број на гледачи на еден натпревар на Басфорд. Станува збор за дуелот во рамките на ФА Купот против Грантам Јунајтед кој привлекол 3500 гледачи. Во 1939 повторно го освоиле локалниот лига куп, а за време на Втората светска војна, тимот играл во Нотс Аматер Лиг. Веднаш по завршувањето на војната, во 1946, Басфорд се вратил во Нотс Алијанс. Во 1947, за прв пат во клупската историја го освоил Нотс Сениор Куп.

Втора половина на 20. век:
Периодот во почетокот на втората половина на 20. век бил доста кризен за Басфорд. Во 1971, клубот ја доживеал и првата релегација. Една деценија подоцна, во 1982, клубот се борел за опстанок во сениорската дивизија на Нотс Алијанс, но сепак доживеал нова релегација. Во 1985, се вратил во истата дивизија, а во 1988, како аутсајдер го победил тимот на Хакнал Таун во финалето на Нотс Сениор Куп. Во последната деценија од претходниот милениум, Басфорд бил член на сениорската дивизија и првата дивизија на Нотс Алијанс. Во два наврати, еднаш како второпласиран и еднаш како шампион, бил промовиран од сениорската во првата дивизија.

Почеток на 21. век:
Во 2004 била направена фузија помеѓу дивизиите на Нотс Алијанс, па била формирана само една лига наречена Нотс Аматер Алијанс. Басфорд бил еден од првите членови на новоформираната лига. Во 2006, клубот се приклучил на Нотс Сениор Лиг и уште во првата сезона оставил добри впечатоци завршувајќи на третата позиција. Во наредните четири сезони завршувал на два пати на втората, еднаш на третата и еднаш на петтата позиција. Во 2012/13, Басфорд ја освоил Централ Мидлендс Лиг Саут и Лиг Флудлит Трофи. Овој успех, на клубот му донел промоција во Ист Мидлендс Каунтис Лиг. Во првата сезона, станал првиот клуб што стигнал до дупла круна во оваа лига освојувајќи ја лигата и лига купот. Со овој трофеј изборил промоција во Нортерн Каунтис Ист Лиг Премиер Дивижн кадешто во првата сезона го освоил петтото место. Во 2014/15, повторно дошло до реформирање на форматот на дивизиите, па Басфорд станал член на Мидленд Лиг Премиер Дивижн. Клубот имал одлична сезона и ја освоил титулата со шест поени предност во однос на најблискиот конкурент. Истата сезона, за прв пат по 27 години, го освоиле и Нотс Сениор Куп. Клубот изборил влез во осмата лига т.е. во првата јужна дивизија на Нортерн Премиер Лиг. Во првата сезона завршил на петтото место и во полуфиналето од плејофот бил совладан со 5-0 од Коалвил Таун. Сепак, наредната сезона повторно ја завршил шампионски и изборил пласман во Премиер Дивижн на Нортерн Премиер Лиг (седма лига) кадешто настапува и денес.

Домашни терени:
Басфорд во својата историја има сменето пет домашни терени. Веднаш по формирањето, клубот почнал да ги игра своите натпревари на теренот познат под името „Доли Таб”, а во 1903 се преселил на „Качемс Корнер”. На овој терен играле сè до 1930, кога се преселиле на „Вернон Авењу”. Само неколку години подоцна, повторно смениле локација. Овој пат домашен терен бил „Мил Стрит”. Во 1991, „Мил Стрит” ја превземал улогата на помошен терен, а како нов и сè уште актуелен стадион е назначен „Гринич Авењу”.

БЛАГОДАРНОСТ ДО МИЛАН МИЛЕНОВИЌ И ФАН КЛУБОТ НА БАСФОРД ЈУНАЈТЕД ОД СРБИЈА !

Tags: англијаБасфордФудбал
ShareTweet
Претходна вест

ЛШ – Челси извлече бод против Ајакс, Дортмунд со пресврт против Интер

Следна вест

Стружанецот Велко Маркоски го засили Металург

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Стружанецот Велко Маркоски го засили Металург

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.