Екипата на Металург се засили со репрезентативецот Велко Маркоски. Тој го пропушти стартот на сезоната, а сега ќе биде големо засилување за Металург како во домашното првенство така и во Купот на ЕХФ.
Стружанецот во својата кариера меѓу другото има играно и за двата најголеми Македонски клубови Вардар и Металург, Загреб, Констанца и други клубови.



