Атлетико Мадрид со продажбата на својот најдобар голгетер, Антоан Гризман во Барселоза за сума од 120 милиони евра стигна на првото место со најголема заработка во последните 10 години при трансфери на фудбалери и со 970 милиони евра е пред Бенфика која ја помести на второто место со заработка од 960 милиони евра.
Само ова лето ,,Јорганџиите” заработија 300 милиони евра од продажбата на Родри во Манчестер Сити за 70 милиони евра, Лукас Хернандез во Баерн Минхен за 80 милиони евра, Желсон Мартинс во Монако за обештетување од 70 милиони евра, како и споменатиот Гризман кој потпиша за Барселона за обештетување од 120 милиони евра.
Во изминативе 10 години Атлетико Мадрид го продаде Серхио Агуеро за 40 милиони евра, Џексон Мартинез за 42 милиони евра, Радамел Фалкао за сума од 43 милиони евра како и многу други доволно да ја завземат првата позиција од заработка при трансферите.
Ако Атлетико е на прво со 970, а Бенфика е на второ место со 960 милиони евра, на третото место се наоѓа Монако со 917 милиони евра, Челзи на четврто место со 878 милиони евра, на петто место Рома со 801 милион евра, потоа следуваат: Реал Мадрид со 797, Јувентус 790, Барселона 779, Порто 765 и Ливерпул со заработка од 751 милион евра и ја завзема десетатта позиција.