Третиот велеслалом сезонава, во женска конкуренција, се оддржа во Куршевел. После првата серија, изненадувачки, најбрза беше Норвежанката Мина Фурст Холтман. Резултатите после втората серија се променија значително. До првата позиција, воедно и до првата победа сезонава, стигна Италијанката Федерика Брињоне. Холтман заврши како второпласирана со само четири секунди послабо време. На третата позиција се најде Венди Холденер, а четвртото место го поделија Петра Влхова и Викторија Ребенсбург. Микаела Шифрин, ,,благодарение” на првата слаба серија, заврши на 17. место.



