Шпанскиот лев бек, Маркос Алонсо откако пристигна во Челзи во 2016 година има постигнато 17 гола, а воедно има учествувано во уште 28 гола за својот тим, како и 11 асистенции.
Со сета оваа статистика вредните англиски аналитичари пресметале дека откако Алонсо е во Челзи тој е најефикасниот дефанзивец во Премиер лига. Најмногу три погодоци има против Тотенхем.



