Вчера изби голем скандал откако македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговото семејство беа избркани од ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп бидејќи зборувале на албански јазик.
После неколку часа проблемите биле надминати и Алиоски се вратил во ресторанот, добил извинување од сопственикот, и потоа се вклучил во хуманитарна акција за помош на Дејан. Таму беше пречекан од многу фанови на македонската селекција, а подари и дрес од Лидс како гест за стоп на предрасудите и говорот на омраза.
https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/377769502867269/?v=377769502867269
Извор: Klan Macedonia



