Во финалето на НБА лигата канадскиот тим Торонто синоќа забележаа триумф над бранителот на трофејот Голден Стејт со 114-110 со што ја завршија финалната серија со 4:2 во победи.
Кајл Лаури и Паскал Сиакам беа најпрецизните кај Торонто со по 26 поени, додека Kаваи Ленард и Фред фан Влит уфрлија по 22. Кај поразените Томпсон заврши со 30 поени, а Игудала имаше 22 поени.
Каваи Ленард заслужено го освои признание МВП на финалето што е второ за него во кариерата откако во 2014 година го предводеше Сан Антонио до титулата. Со тоа Ленард им се приклучи на легендарните Леброн Џејмс и Карим-Абдул Џабар како третиот играч кој освоил МВП награда во финалето со два различни клуба.



