На тимот на „Златна бубамара“ му успеа по 22. пат да организираат настан кој сите со нетрпение го очекуваат.
Домаќините, Ранко Петровиќ и Сашко Коцев, викаат ова е единствениот настан каде што можеме да се насмееме на своја сметка, односно на својата мака.Оваа „Златна бубамара на популарноста“ беше проткаена со емоции.
Малиот Марко Пејчиновски, кој го преплива Охридско езеро, со сериозен здравствен проблем и на тој начин стана мал голем херој, ја доби наградата за Подвиг на годината.
Хрватскиот пејач Петар Грашо, кој ја доби наградата за хит на годината за песната „Ако те питају“, а потоа во хор со публиката, која притоа и создаде ѕвездено небо, ја изведе песната „Цесарица“ во чест на, Оливер Драгојевиќ.
Влатко Стефановски синоќа си замина дома со две наради – за најдобар албум „Македонска азбука“ и најдобар концерт. Двете награди ги посвети на неговата почината сопруга Гордана и братот Горан, кој почина неодамна.
Посебните награди за животно дело, односно трајни музички вредности отидоа во рацете на Глигор Копров и Мики Јовановски Џафер.
Хит на годината е “Јако, Јако” на Влатко Лозаноски – Лозано.
“Бубамара“ им оддаде признание за нивната работа и на Перо Антиќ, кој е прогласен за спортска легенда, потоа на Дупер кои се откритие на годината, 5+ – детска емисија на годината, додека пак за најдобра балетска претстава беше прогласена „Ана Карењина“ на МОБ.
Ирена Ристиќ е актерка на годината, додека тв актер е Горан Стојановски. Младиот Дритон Вејсели е најдобар млад тв актер, додека „Преспав“ најдобар тв проект. Она што ќе ја израдува публиката е најавата од тимот на серијата, дека ќе има и четврта сезона. Најпопуларна емисија е „Фчерашни новости“.
Кај Џамбо Агушев отиде наградата за најдобар плех оркестар, а со својот настап успеа одлично да ја расположи и анимира публиката.
Извор и Фото: Златна Бубамара на Популарноста



