Стоперот Рафаел Варан е еден од најважните ѕвезди и носител на играта во тимот на Реал Мадрид, а кој е на излезна врата од клубот. Франзузинот е во кралскиот клуб од 2011 година кога од Ленс премина во Реал Мадрид и има помогнато во освојување на многу трофеи, а во репрезентацијата на Франција е капитен.
Варан на трансфер пазарот вреди 80 милиони евра и е еден од најдобрите светски стопери. За неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Баерн Минхен. Варан е долго во Шпанија и ова лето посакува да ја смени играчката средина.



