На стартот на 19. коло од Првата кошаркарска лига КК Гистивар запиша сигурна и висока победа над скопски КК Вардар со резултат од 99:66. Домашните кошаркари во секоја нова четвртина само го зголемуваа водството, а победникот беше познат веќе во третата четвртина.
Најзаслужни за триумфот се целата петорка кошаркари кои завршија со двицифрен број на поени, каде што најефикасен заврши Ефианаи со 21 поен, а помош доби во Трајковски и Димитриевски со 14 поени, 13 уфрли Фустингер, а Костоски зад своето име запиша 11 поени. Единствен со двоцифрен број на поени во гостинскиот тим заврши Павле Михајлоски со 18 постигнати поени.
Фото: KK Gostivar 1954



