Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше победа на втората станица од овогодинешната Формула 1 сезона. Британецот ја искористи предноста на дефектот на болидот на Чарлс Леклерк, кој имаше проблем со агрегатот и само беспомошно гледаше како Британецот го претекна и дојде до важна победа.
Така, доминацијата на Ферари во сите тренинзи и квалификации во Бахреин беше залудна, бидејќи Мерцедес славеше двојна победа откако Валтери Ботас беше на второто место, а Себастијан Фетел заврши петти. Следната станица на караванот Формула 1 е Шангај и Големата награда на Кина на 14-ти април.
Фото: Поредок на позициите на ГП Бахреин



