Во некомплетното 17. коло од Првата ЖФЛ, актуелните шампионки тимот на ЖФК Драгон во Битола триумфираа убедливо со резултат од 0:9, а изненадувања направија тимовите на ЖФК Речица со убедливата победа над ЖФК Каменица Саса со резултат од 4:1, а во постигнувањето на головите учествуваа: Петковска, Митревска, Николовска и Јовановска, а единствениот гол за тимот од Каменица го постигна Ана Димитровска.
Причината за високиот пораз екипата може да го бара во отсуството на двете стандардни првотимки Дајана Ристовска и Николовска Вероника кои беа со националниот тим на Македонија до У-17 на развојниот турнир во Скопје.
ЖФК Кочани иако без првотимката Бојана Петкова која исто имаше ангажман во националниот тим до У-17 сепак нејзниот клуб со единствениот гол на Андреа Крстева во 75 минута дојдоа до победа од 1:0 над ЖФК Љуботен екипа кој со овој пораз ја прекинува победничката серија на резултати во првенството.
Во Тетово истоимената екипа продолжува со серијата на порази и од горниот дел на табелата каде што се позиционираа во првиот дел на сезоната сега паднаа во долниот дел на табелата, а најновиот пораз им е од прилепчанки со висок пораз од 2:8.
За домашната екипа головите ги постигнаа Мустафа и Шерифи, додека за ЖФК Прилеп дури пет гола постигна Ѓорѓиоска, двоен стрелец беше Петреска, а еднаш во листата на стрелци се запиша Каралиоска која го завери резултатот на 2:8.
Во ова 17. коло нова убедлива победа запишаа ЖФК Топ Гол од Битола со резултат од 0:8 против новиот прволигаш од Радовиш и тимот на ЖФК Плачковица. Поради преголем број на фудбалерки кои беа ангажирани за потребите на националниот тим на Македонија до У-17 два натпревари беа презакажани во друг термин на одигрување, а се работи за паровите: ЖФК СЦ Истатов – ЖФК Тиверија и ЖФК Борец – ЖФК Асс Унитед.
Резултати Прва ЖФЛ 17. коло:
ЖФК РЕЧИЦА 4 – 1 ЖФК КАМЕНИЦА САСА
ЖФК КОЧАНИ 1 – 0 ЖФК ЉУБОТЕН
ЖФК АТЛЕТИКО 0 – 9 ЖФК ДРАГОН 2014
ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 0 – 8 ЖФК ТОП ГОЛ
ЖФК ТЕТОВО 2017 2 – 8 ЖФК ПРИЛЕП
14:30 10.04.2019 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 – ЖФК ТИВЕРИЈА
13:00 10.04.2019 ЖФК БОРЕЦ – ЖФК АСС УНИТЕД
Табела – Прва ЖФЛ
| Тим | Поз | Коло | Поб | Нер | Пор | Г.Р. | Поени |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ЖФК ДРАГОН 2014 | 1 | 17 | 17 | 0 | 0 | 113 | 51 |
| ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 | 2 | 16 | 15 | 0 | 1 | 152 | 45 |
| ЖФК АСС УНИТЕД | 3 | 16 | 11 | 2 | 3 | 55 | 35 |
| ЖФК ТИВЕРИЈА | 4 | 16 | 11 | 1 | 4 | 60 | 34 |
| ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 5 | 17 | 10 | 1 | 6 | 24 | 31 |
| ЖФК ТОП ГОЛ | 6 | 17 | 9 | 2 | 6 | 29 | 29 |
| ЖФК ПРИЛЕП | 7 | 17 | 9 | 2 | 6 | 27 | 29 |
| ЖФК РЕЧИЦА | 8 | 17 | 8 | 2 | 7 | 6 | 26 |
| ЖФК ТЕТОВО 2017 | 9 | 17 | 7 | 1 | 9 | 12 | 22 |
| ЖФК КОЧАНИ | 10 | 17 | 4 | 2 | 11 | -35 | 14 |
| ЖФК АТЛЕТИКО | 11 | 17 | 4 | 2 | 11 | -60 | 14 |
| ЖФК ЉУБОТЕН | 12 | 17 | 2 | 2 | 13 | -92 | 8 |
| ЖФК БОРЕЦ | 13 | 16 | 1 | 1 | 14 | -111 | 4 |
| ЖФК ПЛАЧКОВИЦА | 14 | 17 | 0 | 0 | 17 | -180 | 0 |



