Архипелагот Лос Рокес во Венецуела се состои од околу 350 острови, лежишта и островчиња во вкупна површина од 40,61 квадратни километри. Архипелагот се наоѓа 128 километри (80 милји) северно од пристаништето Ла Гуаира, во Карипското Море.
Коралниот гребен на островите привлекува многу туристи посебно од Европа. Некои доаѓаат и со сопствени јахти за да уживаат во оваа тиркизна убавина.



