Спортски центар Форма Вита преку завршен забавен зумба час го заокружија успехот од годината што изминува.
Од Форма Вита упатуваат голема благодарност до сите членови со кои заедно ја остваруваат мисијата на успехот во спортот.
Како знак на благодарност на секој член на Форма Вита му беше доделено признание, неколку скромни награди и ваучери со попуст. Одлична завршна тренинг забава каде што ги прославивме успесите во изминатиот период.
Признанијата и скромните награди се најмалото внимание што можеме да им го дадеме на нашите членови.
Со многу посветеност, труд и верба сакаме да продолжиме да покажуваме дека е можно да се создава успех без разлика на надворешни околности и каде се наоѓаме.
РАДОСТА, УПСЕСИТЕ И ПОТРОШЕНОТО ВРЕМЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ ТОКМУ ВО ФОРМА ВИТА Е НАШ НАЈГОЛЕМ УСПЕХ
Затоа што секојдневно да бидеш опкружен со многу луѓе кои ти ја даваат довербата за спортски достигнувања, луѓе кои трошат дел од скапоценото свое време кое ни го дал Бог, луѓе во чии очи се гледа радост, Е ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ, но истовремено е голема среќа.
Мојата најголема инспирација оваа година беа почетоците, трудот и успесите на повозрасните и оние што никогаш не се бавеле со физичка активност .
Резултатите, пред се подобрување на здравствена и физичка подготвеност е нашиот заеднички почеток на поголеми успеси (Мими)
Во очекување сме на уште поуспешна 2020 година со многу нови промени, успеси насмевки и љубов
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ