Првата дестинација од Новогодишната турнеја традиционално беше Оберстдорф. За прв пат после 28 години, Норијаки Касаи нема да учествува на ова натпреварување откако заради својата слаба форма беше изоставен од својот тим. На квалификациите пред натпреварувањето славеше Штефан Крафт пред Јунширо Кобајаши и Шефан Лаје. Австријанецот беше третопласиран после првата серија, а првите две позиции им припаднаа на Карл Гајгер и Рјоју Кобајаши. Од поквалитетните натпреварувачи, во втората серија не се пласираа Шлиренцауер, Пајер и Танде. Како најголем „лаки винер” излезе Стефан Хула кој со ужасен број на поени го загуби својот дуел, но се пласира во втората серија благодарение на сонародникот Јакуб Волњи кој беше дисквалификуван. Во втората серија, пласманот при врвот беше малку променет. На најниското место на подиумот се пласира Давид Кубацки, а 1,2 поени повеќе од него имаше домашниот натпреварувач – Гајгер. До победата дојде Рјоју Кобајаши, а за него оваа е петта последователна победа на Новогодишната турнеја откако минатата година победи на сите четири скокалници.



