Вториот натпреварувачки ден во Енгелберг го одбележа Рјоју Кобајаши којшто ја оствари својата втора овосезонска победа благодарение на одличниот втор скок. Веднаш зад него се најде Петер Превц кој најави враќање на шампионската форма и моментално го завзема седмото место во генералниот пласман. Јан Херл заврши како третопласиран, а зад себе ги остави Карл Гајгер, Даниел Хубер и Филип Ашенвалд. Веднаш после дуото Австријци се наоѓаше дуото од Норвежани составено од Линдвик и Јохансон. После првата серија Јохансон беше прв, но потфрли со вториот скок, па затоа изгуби дури седум позиции. Во првите десет заврши и вчерашниот победник, Камил Штох, кој позади себе го имаше Штефан Лаје.
Бидејќи квалификациите за второто натпреварување не беа оддржани, сите натпреварувачи скокаа во првата серија. Негативно изненадија многумина како на пример Жила, Ајзенбихлер, Кубацки, Семенич, Зајц и Танде кои не се пласираа во втората серија.
Најголемо позитивно изненадување беше 20-годишниот Сергеј Ткаченко. Казахстанецот, после првата серија, беше на 11. позиција, но малку потфрли во втората серија. Сепак, натпреварувањето го заврши на 24. место и ги освои првите поени за Казахстан после 6. февруари 2010 кога во Вилинген, Алекс Королев освои два поени завземајќи го 29. место.



