Еден фудбалер да забележи 400 настапи во најдобрата италијанска лига Серија А, е недостижна можност за многу познати фудбалери, но најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев му успеа да забележи јубилејни и историски 400 настапи во првентвото.
На натпреварот против Фросиноне Џенова одигра реми со резултат од 0:0 со поделба на бодовите, но моментот за одбележување е влегувањето во игра на стартот на вториот дел на Пандев и со тоа стана првиот македонец со 400 настапи во Серија А.



