Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале без борба на првиот Гренд Слем во сезоната Австралија Опен во Мелбурн затоа што неговиот противник Каи Нишикори од Јапонија го предаде мечот во вториот сет.
Тешките и исцрпувачки претходни дуели кои што ги имаше Нишикори очигледно оставиле трага и уште на стартот не можеше да го прати ритамот на Ѓоковиќ од основната линија. Српскиот тенисер беше фокусиран, имаше квалитетна размена на удари и врза три гема во првиот сет за водство од 3:0. Јапонецот ја прекина таа серија и намали на 3:1, но сепак Ѓоковиќ ги освои наредните три гема и го освои првиот сет со рутински 6:1.
Нишикори подобро го отвори вториот сет и го доби својот сервис гем, но во наредните четири гема Ѓоковиќ беше тој што ги освои, а потоа јапонскиот тенисер се одлучи да го предаде мечот и му овозможи на Новак Ѓоковиќ да се пласира во полуфинале каде ќе се сретне со французинот Лукас Пуил кој во 1/4 финалето беше поуспешен од Раониќ со 3:1 по сетови (6:7, 3:6, 7:6 и 4:6).
Во женскиот натпреварувачки дел на Австралија Опен, Серена Вилијамс по голема и неизвесна борба е елиминирана од Каролина Плишкова со 2:1 по сетови (4:6, 6:4 и 5:7). Кога сите на теренот ја видоа победата на Вилијамс која ја брка својата рекордна 24. титула на Гренд Слем турнирите, затоа што водеше во третиот сет со убедливи 5:1, сепак се случи голема сензација и Плишкова до крајот на мечот ги доби сити преостанати гемови за пресврт и за 5:7 и закажа дуел во полуфиналето против јапонката Наомо Осака која што во 1/4 финалето беше поуспешна од украинката Свитолина со 2:0 по сетови (6:4 и 6:1) за еден час игра и десет минути поминати на терен.



