Екипите на Њу Јорк Ајландерс и Њу Јорк Ренџерс, освен што се градски ривали, оваа сезона се ривали и за пласман во плејофот. Овој натпревар беше со исклучителна важност и за двете екипи. Во регуларниот дел, резултатот изнесуваше 3-3. Стрелци за Ајландерс беа Жан-Габриел Пажо, Џордан Еберли и Брок Нелсон, додека за Ренџерс прецизни беа Артеми Панарин, Грег МекКег и Брет Хауден. Во воведните минути од третата третина, ситуацијата на теренот ескалираше, а во главна улога беше стрелецот на првиот гол за Ајландерс – Пажо. Пажо го забележа своето деби во новата средина, а пред само неколку дена беше трејдуван од страна на Отава Сенаторс кои за возврат, од Ајландерс, добија пик во првата и втората рунда како и условен пик во третата рунда доколку Ајландерс станат шампиони. Во продолжението, после само дваесет и осум секунди, Мика Зибанеџад им ја донесе победата на Њу Јорк Ренџерс со крајни 3-4.
На табелата на источната конференција, Ајландерс се наоѓаат на шестата, а Ренџерс на десеттата позиција, а разликата помеѓу нив е само пет поени.



