Лацио со 3:0 на ,,Олимпико” ја совлада Рома во рамките на 25. коло од Серија А, со што се врати во игра за пласман во Лигата на шампионите и се израдуваа на триумфот после римското омразено дерби. Победата на „небесносините“ им ја донесоа Каиседо во 12 минута, Чиро Имобиле во 73 минута од пенал и Каталди во 89 минута.
Во последните минути од средбата Рома остана со играч помалку, откако беше исклучен Александар Коларов. Лацио сега е на шестото место со 41 бод, три помалку од петтата Рома, а шест од четвртиот Интер кој во петокот беше поразен со 1:2 на гостувањето кај Калјари.



