Легендарниот шпански голгетер, Фернандо Торес или популарно наречениот Ел Нињо, по 18-годишна богата фудбалска кариера се одлучи да ги закачи копачките на клин. Торес започна најпрвин во Атлетико Мадрид, играше уште за англиските Премиерлигаши Ливерпул и Челзи, потоа Милан и на крај јапонски Саган.
Со Шпанија беше Европски и Светски Шампион, освои Лига Шампиони со Челзи, а со Атлетико Мадрид беше шампион во Лига Европа. Во сеќавањата на пошироката спортска јавност Торес ќе биде запаметен по својот инстинкт за постигнување на погодоци. Во прилог и видео од неговите најсветли моменти:



