Дека женскиот фудбал во Македонија е во голем подем и дека се повеќе девојки играат фудбал и ги покажуваат своите квалитети и таленти, најдобро го отсликува фактот што имаме неколку интернационалки во странство пред се Наташа Андонова која игра во Барселона.
Нејзиниот пат го следат и други талентирани македонски фудбалерки како што се во моментов Дева Величковска и Уна Јосевска кои се дел од клубот ЖФК Џи-Џи од Скопје и се дел од кампот на Јувентус во Торино, Италија каде што ќе ги искажат сите свои фудбалски знаења пред величина од клуб како што несомнено е Јувентус.
Извор и фото: ЖФК ЏИ-ЏИ



