Во СЦ Форца во Скопје во рамките на Балканското првенство во пинг понг за играчи до 18 години се одржаа натпреварите во екипна конкуренција на репрезентативно ниво.
Најуспешна е репрезентацијата на Романија со освоени три златни медали и еден сребрен медал, следува Турција со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал, Србија освои еден сребрен медал, додека со по еден бронзен медал се закитија репрезентациите на Босна и Херцеговина, Италија и Бугарија.
Пласман во Јуниорска конкуренција момчиња
- Романија
- Србија
- Турција
Финале Романија – Србија 3:2
Македонија се пласира на осмото место од вкупно девет репрезентаци.
Пласман во Јуниорска конкуренција девојчиња
- Турција
- Романија
- Босна и Херцеговина
Финале Турција – Романија 3:1
Македонија се пласира на шестото место од вкупно осум репрезентации.
Пласман во Кадетска конкуренција момчиња
- Романија
- Турција
- Италија
Финале Романија – Турција 3:0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно девет репрезентации.
Пласман во Кадетска конкуренција девојчиња
- Романија
- Турција
- Бугарија
Финале Романија – Турција 3:0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно единаесет репрезентации.



