Под затворениот покрив на „Ноевир Стадиум” во Кобе, силите ги одмерија Шкотска и Самоа. Првото полувреме го одбележаа Шкотланѓаните кои на пауза заминаа со 20-0. Меитленд постигна еден есеј и Хог еден дроп-гол, а сите други поени ги постигна Лејдлоу преку еден пенал, еден есеј и две конверзии. Во вториот дел повторно доминираше Шкотска иако Самоа пружи солиден отпор. Сепак во два наврати останаа со играч помалку откако Фидоу доби два жолти картони, а тоа беше пресудно бидејќи заради неговите фаули, на Шкотска им беа доделени два казнени есеја. Ова беше првиот црвен картон на ова СП. Натпреварот заврши 34-0 за Шкотска, а Самоа е првата репрезентација што не постигна поени на СП 2019.



