Селекторот на машката ракометна репрезентацијата родени 2002/2003 година г-дин Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир за подготовки за настап на Balkan Men’s Youth Championship 2019 во Р. Бугарија.
Собирот е закажан за ден 07.10.2019 со почеток во 08.00 часот во СС Мајка Тереза во Скопје.
Првенството ќе се одржи во градот Гоце Делчев во спортската сала “Неврокоп Арена” во Р. Бугарија во период од 11 – 13 октомври, а ќе настапат репрезентациите на Бугарија, Турција, Косово, Црна Гора и Македонија.




