Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина за скоро ќе ги започне квалификациите за Европско првенство во 2020 година, каде што репрезентативните фудбалери на оваа земја ќе имаат многу причини да се пласираат на големото натпреварување.
Фудбалерите во случај на пласман на ЕП ќе добијат награда од 9.25 милиони евра, а потоа во зависност од учинокот на континенталното натпреварување ќе добијат нови дополнителни бонуси во групната фаза. Ова ќе биде голем мотив и поттик БИХ да се пласира на ЕП во 2020 година.



