Легендарниот боксер, Мајк Тајсон има бројни контраверзи и секогаш е занимлив за медиумите. Во интервју за ,,Sun” Тајсон открил интересна анегдота во која што во осумдесетите кога бил најмлад Светски шампион во бокс, во тој период бил на идеја да се бори со горила.
,,Платив на еден работник во зоолошка да го отвори кафезот само за мене каде што беше горилата и се приближив во непосредна близина, а потоа посакав да ми дозволи работникот да имам боксерски меч со горилата, на што човекот не се сложи со мене и ја затвори вратата. Му понудив 10.000 долари но ги одби”.



