Цвеќињата имаат важна улога во разубавувањето на природата. Тие се како круна што ја носи мајката природа за да ја открие својата убавина кон светот.
Точно ваква убавина ќе најдете ако ја посетите Keukenhof – градината во Холандија, која се наоѓа на 40 минути возење од Амстердам. Позната уште како Градина на Европа, таа располага со повеќе од 7 милиони цвеќиња и повеќе од 800 видови на лалиња. Оваа градина или парк привлекува илјадници посетители секој ден. Освен огромните полиња со лалиња што може да ги видите градината има и огромно игралиште за деца каде што тие можат да се забавуваат, така што посетата со деца на овој парк е задолжителна. Во рамките на градината има и мала фарма со животни кои се питоми и не им пречи децата да си поиграат со нив.
Таму може да изнајмите и велосипед со кој може да прошетате низ преубавите полиња со лалиња кои од секогаш биле омилениот дел од посетата, а доколку се изморите може да се релаксирате во некое од многубројните кафулиња или ресторани кои нудат одлична храна.



