Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ побарал од својот клуб Интер дозвола за трансфер, а веднаш потоа тимот на Арсенал сериозно се заинтересирал за неговите услуги. Според најавите од лондонскиот клуб тие би платите 35 милиони фунти, а трансферот наскоро би се реализирал. Дека не се само празни зборови потврдува Пјер Емерик Обамејанг кој го лајкувал инстаграм постот на Перишиќ во кој што бара дозвола за трансфер од Интер.
Левокрилниот фудбалер Иван Перишиќ пристигна во Интер во 2015 година од тимот на Волзбург и во период од четири години во клубот запиша 123 настапи и постигна 32 гола. Во кариерата уште има настапувано за Борусија Дортмунд, Сошо, Розеларе и Клуб Бриж.
Фото: Постот на Перишиќ кој што Обамејанг го лајкуваше



