На квалификациите за големата награда на Мексико, Макс Ферстапен дојде до својата втора пол-позиција во кариерата. Холанѓанецот постави време од 1:14.758 што беше доволно за првата позиција. Оваа патека му одговара на Ред Бул. Минатата година во квалификациите ги завземаа првите две места преку Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен, а Ферстапен славеше на трката.
На денешните квалификации, на втората позиција се најде Леклер пред Фетел, Хамилтон и Албон. Валтери Ботас не успеа да влезе во летачки круг бидејќи на неколку секунди пред крајот на квалификациите се заби во заштитната ограда. Неговото претходно време беше доволно само за шестата позиција. Во првите 10 завршија и Саинц, Норис, Квјат и Гасли. Миленикот на домашната публика, Серхио Перез, заврши на 11. позиција.



