Денеска на програмата беа двете надежни репрезентативни млади селекции на Македонија, каде што во квалификацискиот натпревар за Европско првенство до 17 години Македонија во групата 1 загуби од Белгија со 3:1, а единствениот гол за Македонија го постигна резервистот Емир Саитоски во 73 минута.
По две одиграни кола Македонија има два порази и нула бодови, каде што Белгија и Полска имаат по 6 бода, додека друштво без бодови ни прави Лихтештајн. Во пријателски натпревар Македонија до У-19 со по еден гол во двете полувремиња го порази Кипар со 2:1.



