Капитенот на Србија 28-годишниот Немања Илиќ ќе го носи дресот на Барселона до крајот на сезоната. Информацијата прв ја лиферува еминентниот француски Лекип. Левото крило на францускиот Тулуз во ,,Блауграна” ќе пристигне на местото на повредениот Каспер Мортенсен.
Данскиот ракометар ќе го оперира коленото после освојувањето со репрезентацијата на Данска на златниот медал на Мундијалот одржан во Германија и Данска. Немања Илиќ е првиот србин после Петар Ненадиќ кој настапуваше во Барселона во сезоната 2007/2008 година.



