Един Џеко со своето однесување во 1/4 финалето на италијанскиот куп на гостувањето против Фиорентина ја шокираше спортската светска јавност откако по вербалниот дуел со главниот арбитар на натпреварот против Фиорентина заработи црвен картон.
По завршувањето на натпреварот на друштвените мрежи излегуваа многу видеа каде што јасно се гледа дека Един Џеко во лице го плука главниот судија и за сето тоа многумина очекуваа голема ригорозна казна.
На официјалниот твитер профил на Рома објавија дека Џеко бил казнет со забрана на два натпревари неиграње во Купот на Италија и дека добил парична казна од 10.000 евра. Фудбалерот за својата постапка доби блага казна и ќе може да настапи веќе во наредниот првенствен меч викендов против Милан во рамките на 22. коло од Серија А.



