Македонската футсал репрезентација ја оствари втората победа на претквалификацискиот турнир од групата Ц за пласман во следниот круг квалификации за Светското првенство. Во спортскиот центар „Јане Сандански“, Македонија дојде до убедлив триумф над Сан Марино со резултат од 7:0 на полувреме 5:0.
Македонските футсал репрезентативци на рутински начин лесно ја спроведуваа топката во мрежата на противникот. За 1:0 стрелец беше Седат Зибери, на 2:0 зголеми Иван Крстевски, додека останатите три гола до полувремето ги постигнаа Александар Глигоров, Еркан Сефери и Димче Андов.
Македонија во второто полувреме постигнаа уште два гола преку Леовски, а капитенот Левески ги постави конечните 7:0. Во недела дуелот помеѓу Македонија и Албанија во 20.00 часот ќе одлучуваат за првото место во групата.



