Денеска во швескиот ски-центар Оре започна Светското првенство во аплско скијање, со победа на Михаела Шифрин во супер-велеслаломската трка. Таа беше за само две стотинки побрза од најголемата ривалка во оваа дисциплина Софија Гоџија која до среброто стигна со само три стотинки побрзо време од Швајцарката, Корине Сутер.
За Шифрин ова е вкупно петти медал од Мундијалите, а четврти златен. Следната трка во женска конкуренција е во недела, кога е закажан спустот, а утре на програмата е машкиот супер-велеслалом.
Македонските скијачи Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Виктор Петков и Дардан Деари на ова СП ќе се натпреваруваат само во две дисциплини велеслалом и слалом, чии квалификации се закажани за 14 и 16 февруари.



