Во 17-то коло од романскиот шампионат, Доброгеа Суд (Констанца) славеше против Баја Маре со 39:33 (полувреме 17: 16) и се искачи на врвот на табелата. Maкедонскиот репрезентативец Велко Маркоски покрај играта во одбрана која е негова специјалност постигна и еден гол. Голманот Николче Митрески беше поштеден за дуелот кој го очекува романскиот тим во ЕХФ купот против Холстебро од Данска.
Покрај двајцата наши репрезентативци знаеме дека Констанца од клупата ја води најтрофејниот наш селектор Звонко Шундоски, а спортски директор на овој клуб е Бранислав Ангеловски. Најголем противник за титулата во Романија на “Maкедонската” Koнстанца ќе им биде тимот на Гоце Георгиевски, ЧСМ Букурешт.



