Одбојкарскиот клуб Вардар во продолжението на пролетниот дел од сезоната се засили со репрезентативниот блокер и искусен интернационалец Ѓоко Јосифов и на тој начин ќе биде еден од главните фаворити за шампионската титула во македонската прва одбојкарска лига. Постоеше можност Јосифов да се врати во својот роден град Пробиштип и да заигра за ОК Весна Пробиштип, но сепак крајната одлука е да настапува за скопски ОК Вардар.



