Бразилскиот ас Роналдињо на 39-годишна возраст повторно му се враќа на фудбалот, каде што пред 18 месеци стави крај на кариерата. Последен негов клуб беше Флуминенсе, а нова дестинација ќе му биде Малта и тимот на Биркиркара.
Новите спонзори кои треба да инвестираат во овој клуб навестуваат дека нивна прва цел ќе биде токму Роналдињо, а дали нивните најави и желби ќе се остварат останува времето да покаже. Биркиркара ќе добие на маркентинг и публицитет без разлика какви перфоманси и форма ќе покаже фудбалерот на теренот.



