Претстојниот Мундобаскет, односно Светско кошаркарско првенство во Кина ќе биде без уште една НБА ѕвезда од редовите на дрим тимот на Сад кој се први фаворити за трофејот. За краток временски период настап откажаа дури четири ѕвезди меѓу кој последен кој одговори негативно е Си Џеј Мек Калум, а пред него истото го направија Ерик Гордон, Ентони Дејвис и Џејмс Харден.



