Рамон Родригез Вердехо или попознат под името Мончи, директорот во Рома кој е задолжен за трансферите во тимот, се поголеми се шансите тој до крајот на сезоната да прифати нов предизвик во кариерата.
Клубови кои се заинтересирани за неговите услуги се: ПСЖ, неговиот екс клуб Севилја и Арсенал кој покажува најголема заинтересираност и каде е спремен да плати милион евра обештетување на Рома само да го донесе во своите редови и да го постави на позицијата технички директор.
На Мончи навивачите на ,,Римската Волчица” му замеруваат дека ги продаде првите ѕвезди во тимот Раџа Најголан и Алисон Бекер без да донесе адекватни засилувања во тимот. Ако шпанецот се реши да премине во Арсенал повторно ќе соработува со менаџерот Унаи Емери каде што имаа успешна соработка во Севилја.



